Почетна
Македонија

Се покрива со земја регионалната депонија „Шапкар“ кај Струмица за да се намали ризикот од пожари

Покриени се околу половина од депонијата; предвиден е 50 см слој земја, 24-часовен надзор и дежурна механизација за спречување пожари.

·Македонија
Се покрива со земја регионалната депонија „Шапкар“ кај Струмица за да се намали ризикот од пожари

Регионалната депонија „Шапкар“ кај Струмица се санира и се покрива со земја со цел да се намали ризикот од пожари кои години наназад претставуваат сериозен проблем за жителите на Струмица и околните села. Досега е покриен приближно половина од депонијата, главно нејзиниот северен дел, а целосното покривање треба да се изведе со земен слој од околу 50 сантиметри.

Надзор, пристапни патеки и механизација

За полесно движење и побрза интервенција ќе се уредуваат и пристапните патеки, а на локацијата е воведен 24-часовен видеонадзор и постојана чуварска служба. На депонијата се поставени четири камери, а обезбедена е дежурна механизација која може да интервенира брзо при евентуална појава на пожар.

„Ќе се носат насипи сепарирана структура за да можеме да посипуваме тоа е и поентата за поодговорно однесување кон таа депонија а и самите патеки ќе ги тампонираме за да биде соодветно на целата ситуација таму“, вели Кире Синдраковски, директор на ЈПКД „Комуналец“.

Во наредниот период се очекува дел од механизацијата на ЈПКД „Комуналец“ да биде обновена за полесно одржување на депонијата и за поефикасно справување со ваквите состојби.

Од комуналното претпријатие предупредуваат дека проблемот со неконтролирано фрлање отпад не е ограничен само на регионалната депонија. Се засилуваат инспекциските контроли поради појавите на неовластено оставање отпад на повеќе локации низ општината.

„На територија на Општина Струмица скоро и да нема населено место кадe нема фрлено неконтролиран отпад“, додава Синдраковски. Депонијата Шапкар прима комунален отпад од три општини во струмичкиот регион, а нејзиното уредување е важен дел и во контекст на плановите за идно депонирање отпад од Југоисточниот и Вардарскиот плански регион.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи