Се урна воен авион кај Нова и Стара Пазова, се стравува дека загина пилотот
Неофицијално се стравува дека пилотот загинал, а типот и причините за падот допрва треба да ги потврдат надлежните.

Воен авион на Војската на Србија се урнал во близина на населените места Нова и Стара Пазова, јавуваат неофицијални извори. Засега нема официјална потврда за случката.
Деталите за типот на леталото, причините за падот и околностите под кои се случила несреќата сè уште не се познати. Неофицијално се стравува дека пилотот е загинат.
Се шпекулира дека станува збор за „МиГ-29“. На социјалните мрежи се појавија објави кои тврдат дека урнатото летало е борбен авион од тој тип, но за сега нема независна потврда.
Што се знае засега
Српското Министерство за одбрана сè уште не објавило официјално соопштение во кое би биле потврдени информациите за инцидентот. Надлежните воени служби не дадоа верификувани податоци за евентуални повредени или загинати, ниту за тоа дали пилотот успеал да се катапултира.
Повеќе детали за несреќата се очекуваат по официјалното огласување на Министерството за одбрана и на надлежните воени екипи, кои ќе ги потврдат или опровергаат досега пласираните неофицијални информации.
Фото: прес-материјал од настанот


