Почетна
Политика

Села му порача на Христијан Мицкоски: „Доаѓајте почесто во Собранието, целиот ходник мириса на печено месо“

По пауза предводена од претседателот Африм Гаши, Села му се обрати на Мицкоски и го критикуваше редоследот на пратеничките прашања

·Политика
Села му порача на Христијан Мицкоски: „Доаѓајте почесто во Собранието, целиот ходник мириса на печено месо“

На почетокот на денешната собраниска седница за пратенички прашања се појавија проблеми околу редоследот на пратениците, па имаше паузи и интензивни реакции од дел од присутните, меѓу кои и од пратеникот Зијадин Села.

По паузата Села директно му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски

Претседателот Африм Гаши најави пауза, а откако седницата продолжи, Села излезе на говорницата и му рече на премиерот Христијан Мицкоски: "Доаѓајте почесто во Собранието, кога има пратенички прашања, целиот ходник мириса на печено месо. Убаво е".

Потоа Села му упати порака и до Гаши, велејќи дека ако има договор со ДУИ за да ги остава во сенка пратениците кои доаѓаат од други партии, ќе му ја скинат таа маска.

Во текот на расправата претходно Мицкоски му кажал на Филипче дека е кодош и предавник, а Филипче возвратил дека е лицемер оти пред фон дер Лајен тврди дека со Преспанскиот договор "нашите идентитет и јазик се заштитени".

Дијана Тоска од ДУИ реагираше и потсети дека партијата има 12 пратеници и дека по деловникот е нормално тие да бидат повисоко на листата за поставување прашања.

С. К. Делевска

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи