Почетна
Македонија

Шест полицајци пред суспензија за случајот со прекумерна употреба на сила во Сарај

Одделот за внатрешна контрола при МВР покрена постапки против шест службеници по инцидентот од 07.10.2026 од причина на прекумерна употреба на сила.

·Македонија
Шест полицајци пред суспензија за случајот со прекумерна употреба на сила во Сарај

За случајот со прекумерна употреба на сила во општина Сарај, Министерството за внатрешни работи соопшти дека против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе им биде изречена мерка отстранување од работно место — суспензија.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија поврзани со настанот кој се случил на 07.10.2026 и се однесува на прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица при преземање полициски овластувања.

Снимки и изјави покажале неправилности

Од извршените проверки, односно од обезбедените снимки и изјавите на сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници. Поради тоа, Одделот ќе поведе постапка против шестмина полицајци за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место — суспензија.

МВР дополнува дека во однос на кривичните пријави поднесени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во Секторот за внатрешни работи Скопје, надлежните обвинителства издаваат наредби за вештачење по кои се постапува.

По целосно документирање на доказниот материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи