Почетна
Македонија

Шести смртен случај од западнонилска треска — почина 72‑годишник од Скопје

Директорот на Клиниката за инфективни болести: 51 хоспитализиранo, 18 пациенти остануваат, најмладиот е 26-годишен.

·Македонија
Шести смртен случај од западнонилска треска — почина 72‑годишник од Скопје

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, со што бројот на смртни случаи се зголеми на шест. Починатиот беше 72-годишен маж од Скопје, со повеќе сериозни придружни заболувања, кој се лекуваше на Клиниката за инфективни болести.

Бројки од клиниката

Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, соопшти дека досега 51 пациент биле или се хоспитализирани на клиниката, од кои 27 се излекувани и испишани. "Моментално на клиникава се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на Западен Нил невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент - соопшти директорот.

Починатиот пациент бил хоспитализиран пред 15 дена на клиниката во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика. И покрај сите преземени интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, смртта настапила во попладневните часови.

Во Одделот за интензивна нега и натаму се пет пациенти со тешка клиничка слика; сите се во напредна возраст. Клиниката продолжува да ги следи и лекува случаите и ќе излегува со дополнителни информации според развојот на состојбата.

Директорот посочи дека најмладиот пациент во моментов е 26-годишен и е во добра здравствена состојба.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи