Македонија
Шестмесечно бебе почина, телото предадено на обдукција
Бебето било донесено мртво во Поликлиниката Драчево; случајот е пријавен во СВР Скопје на 26 август околу 21:15.

Министерството за внатрешни работи информира дека шестмесечно бебе од скопско било донесено починато во Поликлиниката Драчево.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 26 август околу 21.15 часот.
Лекар кој го прегледал детето констатирал смрт „без видливи траги на насилство.”
По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е предадено на обдукција која треба да ги утврди околностите за смртта.
Полицијата и јавниот обвинител продолжуваат со процесуални дејства додека се извршува обдукцијата.
Фото: прес-материјал од настанот