Почетна
Македонија

Симон Трпчески доби високи оценки за новиот албум сниман во Глазгов

Снимки од февруари и јуни 2024 во Глазгов привлекоа пет‑ѕвездични рецензии; следуваат концерти во Минеаполис и Скопје.

·Македонија
Симон Трпчески доби високи оценки за новиот албум сниман во Глазгов

Новото концертно издание на Симон Трпчески, снимано во Кралската концертна сала во Глазгов, собра високи оценки во европските музички медиуми. За насловната страница е искористено делото „Пејзаж“ на ликовниот уметник Славчо Спировски, а материјалот ги собира снимките од концертите одржани во февруари и јуни 2024 година.

Нагласени моменти во рецензии

Критичарот Џеф Браун од Би‑Би‑Си мјузик магазин му додели пет ѕвезди на албумот и ги истакна интерпретациите на воведните делови од Вториот концерт, техничката прецизност на Трпчески и соработката со диригентот и оркестарот. За Петтиот концерт посебно го нагласи завршниот дел, по кој следи аплауз од публиката.

Францускиот музички магазин Дијапазон исто така даде позитивна оценка: критичарот Пол де Лои наведува дека двете снимки, направени во Глазгов со неколку месеци разлика, ја прикажуваат различноста на пијанистичката техника на Трпчески и неговиот пристап кон музиката на Сен‑Санс.

Дирк Шаус од германскиот онлајн магазин Онлајнмеркер во рецензијата пишува: "Симон Трпчески уште еднаш докажува дека и’ припаѓа на елитата во својата професија, меѓу оние кои не се потпираат врз вештината за сценски настап, туку на работите им приоѓаат од архитектонска перспектива. Ова е цеде за познавачи кои ја ценат интелектуалната длабочина на музиката и лесно можат да се снајдат без евтини трикови."

Уредникот на луксембуршкиот магазин за класична музика Пицикато, Реми Френк, ја оцени изведбата со пет ноти и го истакна техничкото подготвување, чувствителноста и употребата на различни тонски бои.

Според соопштението на здружението КултурОп, Трпчески ќе настапи на 22 октомври во Минеаполис со Оркестарот на Минесота, чиј музички директор е Томас Сондергард, а потоа и на Тенерифе со местниот симфониски оркестар. На 2 и 3 ноември е најавено негово настапување во Филхармонијата во Скопје на двете вечери од "Камерен музички десерт".

Фото: К. Попов/

Поврзани написи