Почетна
Свет

Синдикати и здруженија на станари најавуваат тридневни протести во седум земји

Сојуз на синдикати, здруженија на станари и социјални движења повикуваат на акции против скапите станови, штедењето и растечките трошоци за одбрана.

·Свет
Синдикати и здруженија на станари најавуваат тридневни протести во седум земји

Синдикати, здруженија на станари и социјални движења од седум европски земји се договорија за координирани протести кои ќе траат три дена — на 20, 21 и 22 ноември — со барања за поевтини станови, зголемување на платите и пензиите и стоп на брзото вооружување во Европа.

Коалицијата ги вклучува организациите од Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Грција, Италија и Велика Британија, кои во својата платформа бараат ограничување на цените на становите и кириите, контрола на цените на храната и енергијата, зачувување квалитетни јавни услуги, заштита на работничките права и повисоко оданочување на најбогатите.

Преклопување на економски, социјални и еколошки барања

Организаторите се спротивставуваат и на враќање на политиките на штедење кои ги поврзуваат со барањата на доверителите на јавниот долг, а истовремено бараат запирање на порастот на трошоците за одбрана. Посебен дел од платформата отфрла понатамошно вооружување на европските држави и повикува на брзо напуштање на фосилните горива, со што економските барања се поврзуваат со социјални и еколошки цели.

Во Париз беше постигнат договор за заедничко дејствување на состанок на претставници на синдикати, здруженија на станари и социјални движења од наведените земји. Португалските медиуми ги објавија датумите за координираната мобилизација.

Тереза Мамеде, претставничка на Лисабонскиот синдикат на станари и една од портпаролите на движењето „Акампада“, потврди дека е договорена координирана мобилизација во сите земји учеснички.

Во заедничката декларација организаторите предупредуваат дека становите стануваат се помалку достапни додека растечките трошоци за основни потреби и транспорт го оптоваруваат семејниот буџет, а товарот најмногу паѓа врз вработените, пензионерите и закупувачите. Степенот во кој овие барања ќе предизвикаат масовни протести и политички притисок ќе се покаже во текот на трите дена во ноември, велат француските анализи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи