Sinsay повлекува два производи од продажба во Македонија
Костим за момчиња и полнач за телефон со наведени проблеми — предметите се повлечени и купувачите добиваат целосен поврат на средства.

Во месец ноември годинава Синсеј објави повлекување на два производи кои се нуделе во Македонија — едниот производ е детски, а сите купувачи се повикуваат да ги вратат предметните производи во која било продавница Синсеј во земјата.
Првиот производ е костим за капење за момчиња со модел индекс 220IG-50X. На страницата на Синсеј се посочува: "Поради неправилното прицврстување на врвката за затегнување во пределот на половината, производот не ги исполнува применливите барања за безбедност на производите. Понатамошната употреба на производот може да претставува ризик за безбедноста на потрошувачите, поради тоа овој производ се повлекува од употреба."
Вториот производ е полнач за телефон со модел индекс 243HJ-00X, AW26 /TECH_ACC/STATIONERY/TECH ACCESSORIES. Како причина за повлекувањето е наведена несоодветна изолација: "Поради несоодветната изолација, производот не ги исполнува важечките безбедносни барања. Понатамошната употреба на производот може да претставува ризик за безбедноста и здравјето на потрошувачите, поради тоа се повлекува од продажба, стои на официјалната страница на Синсеј Македонија." И двата производи биле продавани во продавници и онлајн во Sinsay продавници.
Како да ги вратите производите
Производи купени во физички продавници може да се вратат во која било Sinsay продавница — пронајдете ја најблиската продавница и донесете го предметниот производ. Купувачите кои немаат доказ за купување ќе треба да пополнат соодветен формулар.
Производи купени онлајн може да се вратат по најавување во вашата корисничка сметка. Изберете „враќање“ или „рекламација“ и следете ги инструкциите што ќе ги добиете по е-пошта. Враќањето може да се изврши и во која било Sinsay продавница.
Потрошувачите имаат право на целосен поврат на средствата за купениот производ. Повратот е бесплатен и ќе се изврши по враќањето на производот на местото на продажба.
Фото: прес-материјал од настанот


