Почетна
Свет

Скандал во Швајцарија: полицијата со децении тајно следела министри

Анализа на стотици илјади полициски досиеја откри таен надзор врз најмалку 39 швајцарски министри во периодот 1930–1989.

·Свет
Скандал во Швајцарија: полицијата со децении тајно следела министри

Швајцарија се соочува со сериозно откритие по анализата на архиви од кои произлегува дека полицијата децении тајно следела десетици владини функционери.

Според најнаодите, надзорот се протегал од 1930 до 1989 година и опфатил најмалку 39 владини министри, во случај што медиумите го означија како „Скандал со тајните досиеја“. Истражувањето беше направено откако неделен весник ги анализираше стотиците илјади досиеја за надзор собрани од Федералниот архив и од федералните и кантоналните полициски служби.

Кој бил на мета

Од прегледот произлегува дека многу од досиејата биле отворени уште кога идните министри започнале со политичка активност во младоста, а меѓу следените биле и личности кои подоцна зазеле високи државни функции.

Во еден од случаите полицијата ја следела Рут Драјфус, која подоцна беше претседателка на Конфедерацијата и беше владин министер во периодот 1993–2002, поради нејзиното противење на Виетнамската војна. И Елизабет Коп, првата жена владин министер во Швајцарија (1984–1989), била предмет на надзор откако полицијата забележала инвестициски активности на нејзиниот татко во Унгарија.

Практиката на масовен надзор беше прекината во 1989 година под силен притисок од јавноста. Мориц Лојенбергер, кој беше владин министер од 1995 до 2010 година и претседаваше со парламентарната комисија која го истражуваше случајот, имаше важна улога во прекинувањето на овие практики.

Лојенбергер исто така беше предмет на полициско досие; тој изјавил дека видел само делови од записите во кои биле следени неговите движења и контакти. "Главно прочитав банални работи, неточности, па дури и намерни лаги", рече тој, и додаде дека во досиејата бил индиректно поврзуван со луѓе со кои, како што тврди, немал никаква врска: "Таквите записи се типични за мешавината од сомнежи и лажни обвинувања што постојано се појавувала во досиејата."

Фото: илустрација/pixnio

Поврзани написи