Почетна
Спорт

Скопје ќе го домаќини Европското првенство за униформирани сили во 2027

Претседателот Владимир Трпаноски и соработникот Горан Мицкоски се во Бирмингем за учество на првото првенство за униформирани сили и за свечено преземање на знамето за 2027.

·Спорт
Скопје ќе го домаќини Европското првенство за униформирани сили во 2027

Џудо федерацијата на Македонија доби уште една голема европска обврска: Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство за униформирани сили во 2027 година. Претседателот на федерацијата, Владимир Трпаноски, заедно со стручниот соработник Горан Мицкоски, овој викенд престојуваат во Бирмингем, Англија, на покана од претседателот на ЕЏУ, Ласло Тот, каде ќе присуствуваат на првото издание на овој шампионат.

Преземање на знамето на ЕЏУ

Во недела, на пригодна свечена церемонија во Бирмингем, претседателот Трпаноски официјално ќе го преземе знамето на Европската џудо унија, кое ќе биде донесено во Македонија како знак дека нашата земја е следниот домаќин и организатор на шампионатот во 2027 година.

Одлуката на ЕЏУ следува по успешната реализација на неколку големи европски џудо настани во земјава, а федерацијата ја доби довербата повторно зашто ги покажа своите организациски капацитети на европската сцена.

За време на престојот во Бирмингем, Трпаноски и Мицкоски ќе остварат низа работни состаноци со раководството на ЕЏУ, каде ќе се разменат детали за логистиката, формата на натпреварувањето и календарската поставеност за 2027 година, со цел шампионатот да ги задоволи стандардите на Европската џудо унија.

Представниците на Федерацијата велат дека организацијата на Европското првенство за униформирани сили ќе донесе дополнително меѓународно внимание кон македонското џудо и ќе придонесе за развој на спортот преку унапредување на инфраструктурата и другите организаторски вештини.

Европското џудо повторно доаѓа во Македонија – се гледаме во Скопје во 2027 година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи