Почетна
Македонија

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Претседателот Африм Гаши соопшти дека материјалот е повлечен; постапката меѓу двајца кандидати ќе биде повторена наскоро.

·Македонија
Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

На продолжението на 94. седница Собранието денеска не гласа за избор на нов член на Судски совет бидејќи материјалот беше повлечен од дневниот ред, информира претседателот на Собранието Африм Гаши.

Изборот требаше да се изврши меѓу двајца кандидати кои ги исполнувале условите и кои го поминале филтерот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постапката „за избор на член на Судски совет се очекува наскоро да биде повторена“, стои во соопштението.

Дневниот ред и закони

Работата на Парламентот продолжи со повеќе продолженија на седници. Во рамки на 122. пленарна седница пратениците изгласаа повеќе закони, главно усогласувања со Законот за високи раководители. Од дневниот ред исто така беше повлечен предлогот за претседател и членови на наградата „Мајка Тереза”.

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на Законот за комуналните дејности, на Законот за градење, измени и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај, измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција и измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, сите по скратена постапка.

Претседателот Африм Гаши информираше дека предлагачот ги повлекол Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2026 година и Предлогот на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на Регулаторната комисија, кои беа на дневен ред на 73. седница.

Работата на Парламентот продолжи со 100. пленарна седница и дебата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година. На дневен ред на оваа седница се и посебните извештаи на Државната комисија за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините и за финансирањето на повторните избори за градоначалник во Општина Гостивар, Општина Врапчиште, Општина Маврово и Ростуше и за Центар Жупа – 2026 година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи