Собраниска Комисија ќе разгледува поврат на персонален данок за вработени мајки
Комисијата за финансии ќе разгледа предлог за целосен поврат на платен персонален данок за мајки со прво, второ и трето дете.

На Комисијата за финансирање и буџет при Собранието ќе се разгледаат предлог‑измени кои предвидуваат целосен поврат на платениот персонален данок за вработените мајки за прво, второ и трето дете.
Според нацрт‑измените, повратот за прво дете би важел 12 месеци, за второ дете 24 месеци, а за трето дете до полнолетството на детето.
Во образложението на предлогот се наведува дека мерката е намислена да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за семејствата преку зголемување на расположливиот доход, при што не предвидува воведување нови директни буџетски исплати.
Измени на Законот за јавни набавки
На седницата ќе се разгледаат и промени на Законот за јавните набавки кои предвидуваат наместо сегашната ресертификација со повторно полагање да се воведе континуирано професионално усовршување за службениците вклучени во постапките за јавни набавки.
Предвидена е и поширока употреба на дигитални алатки и вештачка интелигенција со цел зголемување на транспарентноста и намалување на ризиците од корупција.
Овие точки ќе бидат разгледани на комисијата, што е следна фаза во законодавната постапка за предложените измени.
Фото: прес-материјал од настанот


