Софија Манева го враќа „Љубов или нешто друго“ со нов, секси спот
Пејачката објави современа верзија на старата нумера со свеж аранжман и видео режирано од Даниел Јовески.

Атрактивната пејачка Софија Манева се враќа на музичката сцена со нова верзија на „Љубов или нешто друго“ — песна од нејзиниот постар репертоар доби современ звук и сосема ново видео.
Во видеото, Менeва е претставена во секси и заводливо издание, со стајлинг и сценска појава што ја нагласуваат нејзината женственост. Аранжманот го осовременува препознатливото мелодично јадро, додека визулениот пристап ја претставува нумерата поинаку.
Режија и визуелна приказна
Режисер на видеото е Даниел Јовески, кој преку визуелниот концепт ја надополнува музичката идеја и гради низ кадри единствена приказна што следи карактерот на песната.
Софија го коментира проектот со зборовите: “Многу сум задоволна од тоа како изгледа целиот проект. Сакав “Љубов или нешто друго” да добие нов звук, но и видео-приказна во која ќе се чувствувам самоуверено, женствено и секси. Мислам дека успеавме да направиме интересна комбинација и навистина се надевам дека на публиката ќе ѝ се допаднат и песната и спотот. Едвај чекам да ги слушнам нивните реакции”.
Целото издание е замислено да ја допре публиката што ја памети оригиналот, но и да ги освои помладите слушатели преку современиот звук и визуелен пристап.
Пејачката најавува дека веќе работи на нов музички проект кој наскоро ќе биде претставен; овој сингл и видеото се само најава за тоа што следи. Дотогаш, публиката може да го погледне новиот спот и да ја види Софија во едно од нејзините најзаводливи изданија до сега.
Фото: прес-материјал од настанот


