Сончево и многу топло – прогноза за 3.8.2026
Мала локална облачност; во западните делови североисточен ветер, во источните делови северозападен; утрински температури измерени во 8 часот.

За 3.8.2026 се очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност на некои места.
Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец, додека во источните делови ветерот ќе биде од северозападен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец.
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
15 Берово, 17 Попова Шапка, 18 Маврови Анови, 19 Крива Паланка, 20 Крушево, Куманово, Тетово, 21 Охрид, Претор, Битола, Штип, 22 Прилеп, Радовиш, Пожаране, 23 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Струмица, 24 Демир Капија, Скопје – Петровец, Гевгелија, 25 Кавадарци.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
е-mail: meteo@telma.com.mk — Instagram: @telmameteo.
Фото: прес-материјал од настанот