Почетна
Македонија

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 1.11.2026

Претежно облачно во земјата на 1 ноември со повремени врнежи, локално пообилни над 20 l/m².

·Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 1.11.2026

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд се очекува на 1.11.2026, локално пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој ќе ги следи врнежите во поголемиот дел од земјата.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утрински мерења и наврнат воден талог

Информација од ова утро 27.10.2026.

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
0 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Тетово, Битола, Охрид, Прилеп, Претор, Виница, 9 Штип, 10 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 11 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (л/м²)
14 Маврови Анови, 11 Претор, 8 Попова Шапка, 7 Тетово, 6 Гевгелија, Охрид, 4 Демир Капија, Куманово, 3 Струмица, Виница, 2 Кавадарци, Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Штип.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: meteo@telma.com.mk

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи