Врнежливо време од петок до недела, пообилни врнежи на 1 ноември
Претежно облачно со локални врнежи од дожд за викендот; на планините над 1500 м снег и локални пообилни врнежи во недела.

Под влијание на циклонска активност и влажни воздушни бранови од Медитеранот, од петок, 30 октомври, и за време на викендот (сабота и недела, 31 октомври/1 ноември) ќе владее претежно облачно време со локални врнежи од дожд низ целата територија на Македонија. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, 1 ноември, објави метеорологот Славчо Попоски.
Главни ризици: пообилни врнежи во недела, снег над 1.500 м
Попоски посочи дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје и околината во наведениот период времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен северен ветер и со локални врнежи од дожд.
„ Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец и со локални врнежи од дожд.
Особено во недела (1 ноември) на планините со надморска височина од над 1500 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. За време на овој бран на врнежи локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен) особено во јужните и во југозападните предели од Македонија.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта исто така до околу 9 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, а во Скопје и околината температурата преку ден ќе се искачува до околу 16 степени.
Пониска максимална температура ќе имаме во недела (1 ноември) кога таа ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени, а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 13 степени“, објави тој.
Фото: прес-материјал од настанот


