Почетна
Македонија

Сончево и топло, но попладне можно невреме

Локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер, наместа услови за град.

·Македонија
Сончево и топло, но попладне можно невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локални поројни врнежи и грмежи.

Во попладневните часови на некои места ќе има засилен ветер, а наместа услови за невреме со силни ударни ветрови и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југoисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

За Скопје

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можни се краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица се очекува претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Утре попладне ќе се појави локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа каде ќе се формираат поинтензивни нестабилности, може да има нагли ударни ветрови и појава на град; предупредливо однесување на отворено и следење на локалните упатства е препорачливо.

Фото: Wikimedia-Commons-700x466.jpg')

Поврзани написи