Соочени со потценување и занемарување при обидите за вработување — средби на Силјановска Давкова со граѓани
Посетителите ѝ укажаа на потценување на стручноста, занемарување на посебните потреби и исклучување од процеси на одлучување.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова оствари средби со граѓани кои директно до неа и до Кабинетот дојдоа за да споделат лични проблеми и успеси, да изнесат критички забелешки за поединечни појави и институции, но и пофалби и предлози.
Во објава на Фејсбук, Силјановска Давкова го опиша она што ѝ го пренеле посетителите и нагласи дека меѓу темите се појавиле потешкотиите во обидите за вработување и третманот што некогаш ја потценува стручноста.
Што велат граѓаните
– Дел од посетителите ми укажаа на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност, други, на соочување со занемарување на посебните потреби на лицата со попреченост и недоволната грижа за нив, како и за нивна исклученост од процесите на одлучување, трети, на честата незаинтересираност на државната и локалните власти за користење на нивното докажано знаење надвор, напиша Давковсна на Фејсбук.
Во разговорите беа изнесени и конкретни примери на чувството дека професионалните квалификации се игнорираат, додека предност добиваат роднински или партиски врски.
Претседателката истакна и дека дел од посетителите презентирале идеи и иницијативи насочени кон согледување и решавање на институционалните недоследности, со цел подобрување на вклученоста и грижа за лицата со попреченост.
Фото: прес-материјал од настанот


