Сиљановска‑Давкова до фон дер Лајен: Наметнатиот спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми
Претседателката побара еднакви можности како за Украина и Молдавија, Меѓувладина конференција и редовен Совет за стабилизација и асоцијација.

Претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова денеска имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при што порача дека наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми.
Сиљановска‑Давкова им се заблагодари на зголеменото внимание и посветеност на Европската Унија кон регионот и го истакна индивидуалниот придонес на фон дер Лајен во забрзувањето на евроинтеграциските процеси во Западен Балкан. Таа нагласи дека, освен формалниот список на напредок, за оценка на земјата има големо значење техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика.
Во соопштението по средбата се цитира изјавата на претседателката: „Причината за македонското отсуство од друштвото на најуспешните, за неа е во давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред Копенхашките критериуми?!“ Тоа прашање таа го искористи за да побара еднакви можности за нашата земја, слични на оние што им беа дадени на Украина и Молдавија.
Потреба од практичен напредок
Претседателката потсети на потребата од оддржување на политичка Меѓувладина конференција, согласно новата методологија и Преговарачката рамка, како и од регуларен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Таа посочи дека овие конкретни чекори ќе ја зајакнат институционалната подготвеност и ќе донесат видливи резултати за граѓаните.
Во соопштението се наведува дека претседателката на Европската комисија оценила дека нашето место е во Унијата и дека Комисијата ќе продолжи сестрано да нѐ поддржува на реформскиот пат, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни.
Како што се цитира, „Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско‑бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро“.
Фото: прес-материјал од настанот


