Почетна
Магазин

Спасен Сиљаноски го пронајде мирот во манастирот Св. Пречиста

Пејачот сподели емотивни моменти од посетата на манастирот и зборуваше за семејството и тешкото детство.

·Магазин
Спасен Сиљаноски го пронајде мирот во манастирот Св. Пречиста

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски објави емотивни снимки од својата посета на манастирот Св. Пречиста во Кичевско и ја опиша светата обител како место каде што го наоѓа својот духовен мир.

Бегство кон родниот крај

На неговиот Инстаграм тој сподели неколку видеа и фотографии од Света Богородица Пречиста. На една од фотографиите позираше заедно со својот стрико, братот на неговиот покоен татко, при што следбениците забележаа голема физичка сличност и оставија низа позитивни коментари.

Спасен често истакнува дека семејството му е најважно и дека секој слободен миг го користи за да се врати во своето родно село Пополжани во кичевско, каде што се одмора и ги полни батериите од секојдневните обврски.

За причините зошто побегнува на такви ретрити, тој во едно интервју за Гламур магазин рече: „Знам да побегнам до моето село да се изолирам на одреден краток период, да појдам до Манастирот Св. Пречиста во Кичево и со молитва да избегам од таа социјална депресија од која понекогаш страдаме сите во оваа урбана џунгла“.

Тој додаде дека сака да ги посетува православните храмови и посебно го именуваше манастирот Св. Пречиста и Бигорскиот манастир како своја духовна татковина. Последните посети дојдоа откако пред шест месеци му почина таткото, на што пејачот јавно зборуваше како на голема лична загуба.

Споменувајќи ја тешката младост во емисијата „Кафе муабети“, тој се присети: „Пораснат сум во една средина каде што буквално сме се бореле за да се прехраниме. Имало тешки моменти каде што, во моментите кога завршив гимназија, требаше да се запишам на факултет, истиот ден татко ми го бркаат од работа. Доаѓаме дома, немаме за леб. Ми викаат оди ти, ние ќе се снаоѓаме, ќе работиме земјоделие, ќе береме шумски плодови, печурки или не знам што“, се присети тогаш Спасен.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи