Становите на Водно конфискувани од Груевски и Мијалков повторно на лицитација по намалена почетна цена
Три апартмани во Panorama Residence на Водно се ставени на четврта лицитација со почетни цени намалени за 1/4; електронското наддавање е закажано за 21.10.2026.

Три луксузни апартмани во Panorama Residence на Водно, конфискувани од поранешниот премиер Никола Груевски и екс‑шефот на УБК Сашо Мијалков, повторно се ставени на продажба — ова е четврти обид откако имотот беше одземен.
Почетните цени поништени за 1/4, електронско наддавање во октомври
Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги огласува становите по неуспехот на два претходни огласа, еден лани и еден годинава, кога никој не се пријавил да наддава. Директорката на Агенцијата, Ирена Илиевска, објаснува дека по втор пат ќе се продаваат по почетна цена намалена за 1/4 во споредба со проценетата.
Два од становите се по 200 квадрати со тераси од нешто помалку од 50 квадрати. Првично биле проценети околу 850 илјади евра, а сега се огласени со почетна сума од 635 илјади евра (околу 2.500 евра по квадрат).
Апартманот од 155 м2 со тераса од 95 м2, кој претходно беше проценет на околу 760 илјади евра, сега има почетна продажна цена од 570 илјади евра (околу 2.270 евра по квадрат).
„ Огласот е објавен од 5.10 и ќе трае до 19.10 и односно 15 дена. Електронското наддавање е закажано на 21.10. 2026, а разгледувањето на становите на 13.10.2026. Иако локацијата е атрактивна, тие се само во различни влезови, меѓутоа претпоставувам дека квадратурата е огромна и помножена по цената е висока сумата на пари која треба да се исплати а тоа е почетна цена на електронското наддавање така што што нема заинтересирани купувачи“, рече Ирена Илиевска, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.
Според Илиевска, во текот на две години биле направени две проценки на имотот и ова е четврта обид за продажба. Во меѓувреме овие станови претставуваат дополнителен трошок за Агенцијата.
Со пресудата на Апелацискиот суд Скопје за „Плацеви на Водно“ и затворската казна на Груевски беше зголемена од 7 на 9 години а на ексдиректорот на УБК.
Фото: прес-материјал од настанот


