Почетна
Македонија

Стојан Велков Трн: селекцијата е решение за горењето на депониите

Трн од Босилово повикува на системска селекција, обработка и затрупување на старите депонии за да се намалат пожари и загадување.

·Македонија
Стојан Велков Трн: селекцијата е решение за горењето на депониите

Струмичкиот актер и граѓански активист Стојан Велков Трн веќе неколку дена протестира во село Босилово за да го сврти вниманието кон честото палење на големата селска депонија и проблемот со неконтролирано натрупување отпад во околината.

Предлог за организирање и обработка

Трн оценува дека основниот проблем е недостигот од системска селекција на отпадот: доколку не се одвои на истражниот извор и не постои инфраструктура за преработка, ѓубрето се натрупува и на крајот се третира неадекватно, вклучувајќи го и палењето.

„Се разбира не е сѐ совршено и со селекцијата. Но тоа е првиот чекор што мора да почнеме да го правиме интензивно за да можеме да се ослободиме од овој отпад. Ние мораме навистина да ги изгладиме депониите. А тоа ако не го направиме организирано, целото ѓубре, целиот тој отпад пак некаде ќе заврши и неадекватно ќе биде третиран“, рече Стојан Велков Трн.

Покрај намалување на отпадот што завршува на депониите, Трн потенцира дека селекцијата може да донесе и економска корист: со потребната опрема и инфраструктура, селектираниот материјал би бил поисплатлив и поатрактивен за фирмите што вршат откуп.

„Значи мојот предлог конкретно да го кажам е следниот. Старите депонии дивите депонии да се тампонираат со градежен шут да се натапкаат да биде рамно по можност каде може да се асфалтира да се направи прегради со мрежа и да има дробилки или преса која ќе го пресува или дроби насобраниот селектиран материјал. И така ќе бидеме многу поатрактивни за тие што откупуваат. Е како ќе има кој? Луѓето не сакаат камионот со воздух да си го полнат. Шишињата не се ни виткаат во кантите што се ставаат. Имаме канти исклучиво за пластика“, вели Стојан Велков Трн.

Трн предупреди дека повремено чистење на депониите и гасење на пожари не ја решаваат суштината. Потребни се системски решенија, континуирана организација на селекцијата и поголема одговорност од институциите и граѓаните за да се спречат понатамошни натрупувања, пожари и загадување на животната средина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи