Почетна
Македонија

Стојанче Ангелов: Активни се шест пожари, најкомплексен е тој кај Рамно во Општина Чучер‑Сандево

ДЗС со пожарникари, Армија и полицаиски хеликоптер интервенираат за да го сопрат ширењето — чадот од Рамно се насочува кон Скопје.

·Македонија
Стојанче Ангелов: Активни се шест пожари, најкомплексен е тој кај Рамно во Општина Чучер‑Сандево

Активни се шест пожари на отворен простор во околината на Скопје, а најкомплексен за гаснење е пожарот во реонот Рамно во Општина Чучер‑Сандево, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во пладневна видеоизјава.

Според Ангелов, пожарот кај Рамно зафаќа ниска вегетација — папрат, трева и грмушки — а на одредени места гори и шумска подлога, што создава густ чад. „Пожарот се движи по земјата и ја зафаќа лисната и тревната подлога, поради што се создаваат големи количини чад. Силниот ветер го насочува чадот кон Скопје и околните населени места на падините на Скопска Црна Гора“, рече тој.

На терен интервенираат скопските пожарникари, неколку огнени тимови на ДЗС, припадници на Армијата и полицаиски хеликоптер кој дејствува на критичните точки со цел да се спречи ширењето на огнот.

Состојба и очекувања

Ангелов потенцира дека гаснењето е тешко поради големата зафатена површина и непристапниот терен: „Ова е комплексен пожар ќе биде тешко неговото гасење затоа што зафаќа поголема површина. Теренот е екстремно непристапен“, додаде тој.

Активен останува и пожарот над селата Грачани и Никиштане, кој се спушта кон Лепенец, но со намален интензитет; како што рече Ангелов, се очекува денеска да биде ставен под целосна контрола.

Тој информира и дека се активирал пожар и на подрачјето меѓу Струга и Дебар, каде интервенираат струшките пожарникари, но дека „верувам дека овој пожар не претставува никаква опасност за населените места. Истиот денес ќе биде ставен под контрола“. Пожари се пријавени и во атарот на селото Тајмиште во Општина Кичево и кај селото Белица во Општина Македонски Брод, каде теренот е исклучително тежок и непристапен.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи