Почетна
Магазин

Стојне Николова: Го отвори срцето за анксиозноста и зборува за поддршката

Пејачката вели дека благодарна е на луѓето и на Бог што ѝ беа покрај во најтешките денови.

·Магазин
Стојне Николова: Го отвори срцето за анксиозноста и зборува за поддршката

Пејачката Стојне Николова откри како пребродила тешки периоди во животот, вклучувајќи го и изгубувањето на татко ѝ и епизодите на анксиозност, и што ѝ помогнало да ја најде внатрешната сила.

Како ја победи анксиозноста

Николова се присети на денот кога починал нејзиниот тако, од кого додека беше жив имаше безрезервна поддршка. Таа рече дека во најтешките мигови ѝ помогнале мал круг на луѓе покрај неа и нејзината вера за да го најде мирот.

Во емисијата „Кафе муабети“ таа откри: „И јас сум забележала дека во последно време се повеќе познати личности се осмелуваат да зборуваат на таа тема. Тоа не е ништо ново и страшно, но мене ми е чудно колку тоа е присутно кај јавните личности. И тоа многу зависи и од карактерот, на пример јас сум многу емотивна личност.. Мислам дека ниту еден психолог не може на човек да му помогне ако сам на себе не си помогне. Дефинитивни дека добро ќе дојде и таков совет".

Таа даде дополнителни размислувања: „Сите имаме периоди во животот во кој што ни треба некој за да не посоветува како на безболен начин да се помине цел тој период. А јас си бев сам свој психолог и моите најблиски".

За луѓето што биле покрај неа, Николова истакна: „Моите луѓе што беа тука околу мене. И навистина му благодарам на Бог што ми прати такви луѓе да бидат покрај мене, бидејќи без нив немаше да бидам тоа што сум денес".

Пејачката, позната по својот ведар и насмеан настап, откри и дека една од нејзините големи радости е готвењето и протокот пријатели околу нејзината маса. Како што искрено одговори на водителката Виолета В. Периќ: „Нескромно ќе кажам дека ме бидува и за во кујна. Готвам најразлични јадења, знам да зготвам и мусака. Знам и риба да подготвам, знам леќа. Обожавам леќа.. И постојано кога готвам, готвам и за пријателите, бидејќи сакам секогаш во мојата куќа, во мојот стан да има народ. Да биде позитивно, распеано, весело, бидејќи впрочем тоа останува во животот. Дружбата, смеата.."

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи