Почетна
Магазин

Стојне Николова само со крпа на телото – жешко селфи од терасата на луксузниот хотел во Албанија

Пејачката комбинираше летен одмор со професионални настапи — од розов костим за капење до црн фустан и провокативен балконски снимок.

·Магазин
Стојне Николова само со крпа на телото – жешко селфи од терасата на луксузниот хотел во Албанија

Познатата фолк-пејачка Стојне Николова ја документираше својата летна пауза на албанската ривиера, објавувајќи фотографии од луксузен комплекс каде што се релаксираше во друштво на својот помлад брат, пред повторно да ѝ се врати на сцената.

На Инстаграм таа објави галерија со натпис „Само добри и сончеви вибрации“, со фотографии на кои позира во розов кариран костим за капење во кристално чиста морска вода и покрај карпите, истакнувајќи ја витката линија и природната убавина.

Од летна идила до свечен настап

Веднаш по релаксацијата на плажа, Стојне се врати на професионалните ангажмани. Таа настапи со својот бенд на свадба, во спектакл кој ја одбележа вечерта со гламур и позитивна енергија.

За таа свечена прилика, Стојне одбра елегантен и провокативен црн фустан со отворен грб и висока јака, кој го истакна нејзиниот изглед и го крена расположението на присутните. Во врска со настапот таа напиша: „Ноќ за паметење… Љубовта имаше своја приказна, а ние ѝ дадовме музика. Гламур, емоции, танц и атмосфера до последниот тон. Чест ни беше со мојот бенд, да бидеме дел од оваа посебна ноќ.“

Покрај неуморната работа и честите настапи, Стојне уште еднаш покажа зошто важи за една од најбараните и најомилените пејачки на нашата естрада, спојувајќи солидна вокална форма, професионализам и ефектен моден стил. Исто така знае да привлече внимание и со скокотливи фотографии.

Особено привлечна беше снимката која ја објави каде што позира на балкон носејќи само крпа; овој храбар потег и донесе лавина од позитивни реакции. Под фотографиите се појавија коментари како: „Како сирена. Само некој да пееш ќе ги маѓепсаш сите што пловат“, „Прекрасна“, „Уживај делфинче убаво“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи