Стокомак почна да продава Stymee: мал електричен автомобил за 245.000 денари
Стокомак почна да продава Stymee — мало 100% електрично градско возило со 2000W мотор и домет 80 км.

Откако акцијата за евтините замрзнати батаци предизвика вистински „колапс“ низ маркетите, Стокомак повторно успеа да ги изненади купувачите — но овојпат не со храна, туку со мало електрично возило.
Маркетот во својата најнова понуда го промовира Stymee, 100% електрично градско возило со мотор од 2000W, батерија од 60V и домет од 80 километри со едно полнење. Моделот доаѓа со вградена клима и е рекламиран како ефикасно решение за урбани потреби и заштеда на трошоци.
Цената е 245.000 денари, а во техничките податоци е наведено дека еден поминат килограм чини неверојатни 0,25 денари (односно само 1 денар за четири километри!). Возилото се нуди со 1 година гаранција и завршена хомологација, подготвено за регистрација; може да се нарача во најблискиот Стокомак маркет.
Реакции на социјалните мрежи
Објавата предизвика голем број реакции — илјадници лајкови и споделувања и стотици коментари. Дел од корисниците беа воодушевени и ја поздравија идејата, додека други покренаа сериозна дебата за безбедноста и правилната регулација.
“Имав среќа да се погодам во центарот за регистрација, каде што службеникот објаснуваше дека ова не е во класата на возила, туку лесен четирицикл со кој може да се управува со АМ категорија – што значи дека и малолетници од 16 години ќе можат да го возат! Тек допрва нè очекува општо лудило и дополнителен хаос во сообраќајот!“ – прокоментира еден граѓанин под објавата на социјалните мрежи. Од друга страна, поддржувачите истакнаа дека ваквите мали електрични возила можат да помогнат за намалување на емисиите и за поевтин урбан превоз.
Дали по евтината храна Стокомак ќе ги исполни улиците со мали електрични возила останува да се види, но е сигурно дека нивните понуди повторно предизвикуваат силни реакции кај јавноста.
Фото: Илустрација (АИ)


