Стотици илјади на марш во Техеран, прикажана нова паравоена формација
Во најголемата демонстрација од почетокот на војната, иранските власти прикажаа доброволна формација и противвоздушни системи; командантот наведе 600.000 пријавени.

Иранските власти организираа масовен марш во Техеран на кој, според официјалните податоци, учествувале стотици илјади луѓе со цел да се покаже единство и решеност во одбрана на теократскиот режим во конфронтацијата со Соединетите држави.
Приказ на нова доброволна формација и противвоздушни сили
Главниот фокус на собирот беше новата паравоена формација составена од цивили кои добиле рудиментарна воена обука и учење за ракување со автоматско оружје. Режимот ја претстави како сила подготвена да го положи својот живот за одбраната на земјата.
За време на маршот беа прикажани и делови од батериите на противвоздушната одбрана, како одговор на тврдењата дека тие биле речиси уништени во напади што им се припишуваат на Израел и САД.
Оваа формација е доброволна и ќе функционира одделно од веќе воспоставената Басиџ, додека и двете се под команда на Исламската револуционерна гарда. Командантот на гарда, генералот Хасан Хасанзаде, изјавил дека 600.000 Иранци се пријавиле да ѝ се приклучат на новата формација.
На собирот беа слушнати и изјави од граѓани. Фатемех Амири рече: „Ќе се борам против нив со оваа пушка, дури и без пушка, со нашата верба во Бога сигурно ќе ги поразиме. Божја волја е дека овој народ ќе победи“.
Захра Мофрат додаде: „ Дојдовме да им порачаме на убијците на бебиња, непријателите Израел и Америка дека ќе ја поддржуваме оваа револуција до последната капка крв. Ќе им удриме уште шлаканици по лице“.
Фото: прес-материјал од настанот


