Почетна
Македонија

Стразбур рече „не“ за уште еден кандидат од листата — Ана Дангова Хуг отстранета, Јелена Ристиќ ќе патува

Советодавниот панел ја врати кандидатурата на Ана Дангова Хуг; комисијата го предложи адвокатот Јелена Ристиќ како нов претставник.

·Македонија
Стразбур рече „не“ за уште еден кандидат од листата — Ана Дангова Хуг отстранета, Јелена Ристиќ ќе патува

Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа го врати предлогот на македонската комисија во кој фигурираше Ана Дангова Хуг за третото место на листата кандидати за судија во Стразбур.

По таа одлука, комисијата го коригираше списокот и како нов предлог го именува адвокатот Јелена Ристиќ, потврди претседателот на комисијата Костадиновски. Ова е нова промена во процесот што се соочува со низа одложувања и забелешки.

Постапката ја одбележуваат поништувања и три листи

Постапката за избор на македонски судија во ЕСЧП започна пред година и пол и од тогаш наидува на бројни пречки. Првата комисија ја предложи судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски, но Владата ја поништи таа листа пред да ја испрати во Советот на Европа образложувајќи дека кандидатите не ги исполнуваат условите.

Потоа беше формирана нова комисија, предводена од претседателот на Уставниот суд и во составот на која влегуваат претседателите на Врховниот кривичен и граѓански суд и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители. Таа лани во ноември, покрај Апостолски, ги предложи и адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски.

Во мај се појави информација дека повторно ќе треба да се замени кандидат за местото на Апостолски, а со најновата реакција на експертскиот панел за Ана Дангова Хуг, листата е променета по трет пат. Костадиновски признава дека постапката предолго трае и се надева дека Советот на Европа ќе го избере судијата или на октомвриската сесија, или доколку тоа не се случи, во јануари.

Судијата Јован Илиевски, кој требаше да замине на почетокот на годината, останува во Стразбур додека не се избере негов наследник.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи