Почетна
Македонија

Студентите бараат зголемување на субвенционираниот оброк на 180 денари; најавуваат протести

Студентите велат дека сумаата од 180 денари е пресметана поради инфлацијата и најавуваат протести ако барањето не биде задоволено.

·Македонија
Студентите бараат зголемување на субвенционираниот оброк на 180 денари; најавуваат протести

Студентите бараат износот на субвенционираниот студентски оброк да се зголеми на 180 денари и предупредуваат дека ќе излезат на протести ако Владата не ја прифати нивната барање.

Зошто бараат зголемување

Според студентските организации, сумаата од 180 денари е пресметана врз основа на стапката на инфлацијата во изминатите три години, период во кој вредноста на оброкот не била коригирана, па од таму следува потребата за корекција.

Министерката за образование, Весна Јневска, претходно соопшти дека податоците на Министерството за образование покажале дека оброкот треба да изнесува 156 денари, но додаде дека конечната одлука ќе се донесе по средбата со студентските организации.

Владата најави дека ќе објави тендер на кој ќе ги повика угостителските објекти, прехранбените продавници и рестораните да се вклучат во студентската субвенција и да нудат храна со попуст од 20%.

Студентите велат дека го прифаќаат предлогот на Владата кој што премиерот го предложи во Собрание — 4.500 денари месечно, односно околу 180 денари дневно — и очекуваат тој предлог да се почитува.

Како што истакна Ангела Василевска, претседателка на УСС-УКИМ: "Слушнавме многу различни одговори. Една слушнавме 142 денари дека треба да изнесува студентскиот субвенциониран оброк, една слушнавме дека треба 161, 160, 152. И на крај една реална пресметка, односно каква што треба после овие три години, а тоа е дека студентскиот субвенциониран оброк според владиниот предлог којшто премиерот го предложи во Собрание треба да изнесува 4.500 денари месечно, односно околу 180 денари дневно. Тој предлог студентите го прифаќаат. Студентите се изјаснија на национално студентско изјаснување, односно илјадници студенти го дадоа својот глас каде што 97% се изјаснаа дека навистина се согласуваат дека законот навистина треба да се испочитува."

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи