Почетна
Балкан

Студентската листа „Студентите победуваат“ официјално регистрирана во РИК

Републичката изборна комисија на едногласна седница ја потврди листата по проверка на 69.099 потписи и исполнување на законските услови.

·Балкан
Студентската листа „Студентите победуваат“ официјално регистрирана во РИК

Републичката изборна комисија (РИК) на вчерашната седница едногласно ја потврди изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“. За решението гласаа сите 19 присутни членови на комисијата.

Што констатира РИК

На седницата членовите на РИК донесоа и решение за именување член и заменик-член на РИК во проширен состав, на предлог на подносителот на листата. На почетокот на седницата, членката на РИК Марија Јовановиќ изјави дека студентите поднеле вкупно 69.099 правно валидни потписи и дека е утврдено оти листата ги исполнува условите за застапеност на половите и дека е приложена целата документација предвидена со закон.

Студентското движење ги предаде потписите во РИК по викендот во кој собираа потписи низ земјата. Организаторите посочуваат дека голем број граѓани чекаа и по повеќе од шест часа во редици за да ја дадат својата поддршка.

На собирот по повод предавањето на потписите, Архивот на јавни собири соопшти дека колоната која се движела кон зградата на РИК броела околу 8.700 луѓе. Студентите пред зградата биле пречекани и од трубачи.

По доставувањето на листата, студентите ја објавија изборната листа со 250 кандидати за Народното собрание; прв на листата е д-р Илија Срдановиќ. На листата се најдоа професори, лекари, уметници, активисти, претприемачи и луѓе од различни делови на Србија.

На веб-страницата „Студенти.орг“ групата го опиша процесот на селекција: "Не баравме луѓе кои најдобро ќе изгледаат на билборд, ниту луѓе кои со години знаат како се преговара за место на изборна листа. Баравме луѓе за кои веруваме дека можат да влезат во институциите, одговорно да ја вршат својата работа и да не заборават зошто се таму". Коалицијата Народна Србија се повлекува од изборната трка и ќе ја поддржи студентската листа.

Фото: принтскрин/Јутјуб

Поврзани написи