Сузана Гавазова најави нова песна „Еее, опа“ и албум со 20 песни
Фолкерката најави нова песна „Еее, опа“ и голем предновогодишен концерт на 25 декември 2026 во Скопје.

Една од најпопуларните наши фолкерки, Сузана Гавазова, ги изненади обожавателите со најава за нова веселa песна „Еее, опа“, додека и натаму одржува низа концерти низ странство — вклучувајќи настапи кои ја очекуваат нашата дијаспора во Копенхаген.
На својот Инстаграм-профил Гавазова најави новиот сингл, што веднаш ги раздвижи прашањата дали „Еее, опа“ ќе успее да ја надмине мега популарната песна „Бум,бум“ од нејзиниот репертоар.
Песната „Еее, опа“ ќе биде дел од нејзиниот претстојен албум заедно со уште 19 нови песни, што значи вкупно 20 песни на изданието. Како најава за албумот, во текот на 2026 година таа веќе објави неколку нови изданија, меѓу кои дуетот „Завидливи“ со Ервин Аметовски, „Јужни Ритам“ и синглот „Mama Queen“, достапни на нејзиниот официјален YouTube канал.
Интензивна промоција и празнични настапи
Иако периодот околу празниците ѝ носи бројни настапи, најавата за нова музика покажува дека Гавазова работи паралено на материјалот и сценските настапи. Фановите на социјалните мрежи со нетрпение очекуваат премиера на новиот хит.
Покрај материјалот за албумот, таа го промовира и својот авторски проект Балканска Шареница, а на 25 декември 2026 година најави голем предновогодишен концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје заедно со Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски.
Со комбинацијата од турнејни дати и нови изданија, Гавазова се подготвува за интензивна завршница на годината и надежите на фановите дека ќе донесе нова весела нумера за празничните прослави.
Фото: прес-материјал од настанот


