Сузана Спасовска прослави 62: „Ве сакам!“
Фолк-дива, на 24 август, го одбележа роденденот и именденот и им се заблагодари на обожавателите со емотивни пораки.

Нашата фолк-дива Сузана Спасовска на 24 август го прослави својот 62-ри роденден, кој истовремено ѝ беше и именден — ден посветен на света Сузана.
Прво, пејачката објави фотографија во раскошна жолта тоалета со традиционални детали и напиша: „Денес е мојот роденден и именден! За многу години Св. Сузана, и честито и вечно име на сите што го носат името Сузана! Слава ти Боже за сè!“
Откако нејзиниот профил беше преплавен со честитки, благослови и топли пораки од колеги, пријатели и обожаватели, Сузана објави уште едно посвежо селфи во бела везена кошула и упати емотивна благодарност: „Драги мои пријатели, ви благодарам за честитките, благословите и искрените желби за роденденот и именденот, со кои ми го разубавивте денот. Вашето внимание и вашата љубов ми значат многу, и затоа ви благодарам од срце што ја споделивте мојата радост. Ве сакам!“, напиша Сузе на Фејсбук.
Формулата за вечна младост
Иако наполни 62 години, околината вели дека гордо ги носи своите години и дека за неа времето како да застанало. Сузана честопати вели дека годините се само бројка и дека тајната е во позитивниот дух, постојаната активност и љубовта кон музиката и семејството.
Во кариера долга повеќе децении, со над 25 самостојни изданија и стотици отпеани песни, пејачката ги смета ќерката Теона и внуката Клара за своето најголемо богатство и гордост во животот.
Фото: прес-материјал од настанот