Свети Кипријан и Света Јустина: празник за заштита и мир во домот
На 15 октомври православните верници се сеќаваат на Свети Кипријан и Света Јустина — примери за покајание, храброст и духовна заштита.

Православните христијани го слават празникот посветен на Светиот Кипријан и Света Јустина на 15 октомври (2 октомври според стариот календар). Денот ја истакнува нивната улога како примери на вера, покајание и духовна заштита.
Според житијата, Кипријан потекнувал од Картагена, а подоцна дошол во Антиохија, каде што живеела Јустина со нејзините родители Едесиј и Клеодонија. Нивното семејство првично било незнабожечко, и таткото бил идолски жрец, но Јустина го прифатила христијанството и, според преданието, сите тројца биле крстени од епископот Оптат.
Од магии до епархиско служение
Кипријан во житијата е опишан како маѓијаш и практичар на окултни вештини. Кога еден млад човек по име Аглаид побарал од него да ја освои Јустина, Кипријан применил разни магиски дејства кои не успеале, бидејќи Јустина се молела и се прекрстувала, верувајќи дека Бог ќе ја заштити. Неговата средба со нејзината непоколеблива вера довела до промена: тој се откажал од магиите, се крстил, станал свештеник, а подоцна и епископ.
Заради нивната верска посветеност, незнабожечките власти ги изведоа пред суд, ги мачеа и, како што стои во житието, на крајот од третиот век тие биле "погубени со меч" во Никомидија, оставајќи го својот живот заради верата.
Современите верници им се молат за духовна заштита од стравови, лоши влијанија и искушенија и за зачувување на мирот во домот. На овој ден многумина посетуваат црква, палат свеќи и ги упатуваат своите молби за здравје, спокојство и благосостојба на најблиските, посветувајќи го денот на мир, благодарност и добри дела.
Фото: прес-материјал од настанот


