Свети Пимен Велики: што да направите на 9 септември за да привлечете благодат
Подвижникот од египетската пустина — совети за тишина, скромност и молитва на денот на неговиот спомен.

Утре, на 9 септември, православната црква го чествува Преподобен Пимен Велики — подвижникот од египетската пустина чиј живот и изректи со векови служат како упатство за тивок и смирен духовен пат.
Родум Египќанец, Пимен уште од младост ги барал старешините во пустината и со трпение ги собирал нивните поуки „како пчела мед“. Еден од старецот, кога го видел момчето, им рекол на својот придружник со пророчки зборови: „Ова дете ќе спаси многумина, со него е Божјата рака.“
По преминувањето во монаштво, неговиот живот и постапки привлечоа други, меѓу нив и неговите двајца браќа. Кога мајката дошла пред манастирската порта за да ги види, Пимен не ја пуштил внатре и преку затворената врата ѝ упатил прашање: „Дали повеќе сакаш да нè видиш тука или онаму во вечноста?“ Мајката, исполнета со духовна утеха, одговорила: „Кога сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам тука!“
Режим и учење
Во манастирот каде што живеел, денот и ноќта биле прецизно поделени: ноќе — 4 часа ракотворба, 4 часа спиење и 4 часа псалмопеење; денот — наизменично труд и молитва од утро до пладне, читање од пладне до вечерната служба и подготвување на единствениот оброк попладне, кој најчесто бил само малку зелје. За тој едноставен начин на живот Пимен ќе рече: „Ние јадевме тоа што ќе ни се предложеше; никој никогаш не рече: „Дај ми мене нешто друго“ или „Јас тоа не го сакам“. На тој начин ние го поминавме целиот живот во безмолвие и во мир.“
Пимен, кој се подвизувал во V век, се смета за голем учител на "умната молитва" и смирението. Неговото златно правило гласи: „Злото со зло не се победува. Ако некој ти направи зло, ти направи му добро.“ Верниците го слават како застапник на монасите, оние што бараат внатрешен мир и луѓето со семејни жртви за повисоки цели.
Според црковната традиција, за да се привлече благодат на денот на Св. Пимен Велики, добро е да се направат неколку практични работи: одделете време за тишина, направете чекор кон простување, подготвите едноставен посен оброк (утре се пости) и запалете свеќа со кратка молитва за мир во срцето и во семејството.
Фото: прес-материјал од настанот


