Свирежи за костимот на Мис Израел на Miss Universe, африкански претставнички не пристигнаа поради визи
Наметката со мотиви од Ерусалим и зборот „мир“ предизвика реакции во сала и жестока расправа на социјалните мрежи.

Настапот со национални костими на 75‑то издание на изборот Miss Universe во Сан Хуан, Порторико, привлече внимание откако претставничката на Израел, Даниел Јаблонка, предизвика свирежи и бурни реакции на социјалните мрежи поради симболиката на својот костим.
Јаблонка се појави во креација на дизајнерот Jacob Meir — со раскошна круна и наметка украсена со мотиви од Стариот град во Ерусалим. На внатрешната страна на наметката беа насликани маслинови гранки и портокали од Јафа, а беше испишана и зборот „мир“ на хебрејски, арапски и англиски јазик.
Свирежи во салата и жестока дискусија на Интернет
Организаторите и водителите го опишаа костимот како омаж на историјата, земјоделството и претворањето на сушна земја во плодна, но дел од публиката реагираше со свирежи. Моментот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде корисниците коментираа и расправаа за можно политичко значење на прикажаниот мотив со Ерусалим и портокалите.
Даниел Јаблонка, модел и инфлуенсерка родена во Мајами, која беше директно назначена за претставничка откако класичниот избор за Miss Israel не се одржа поради воените состојби, изјави дека снимките со гласните свирежи што кружат по Интернет се дополнително монтирани. Во интервју таа рече дека на сцената не слушнала масовни свирежи и дека, дури и да ги имало, би го продолжила својот настап.
Покрај сценските контроверзии, годинашното издание беше обележано и од проблеми со американските визи за неколку африкански претставнички. Според извештаите, претставничките на Замбија, Mubanga Pamela Hatjoka, и на Република Конго, Georgina Kambongo — која требаше да биде првата претставничка на својата земја — нема да учествуваат откако не ги добија потребните визи за патување. Настапот на Зимбабве, Rozana Hall, која чека одобрување на виза, и на Јужен Судан, Adut Deng, поради тешкотии со патните документи, исто така остана неизвесен.
Големото финале на 75‑то издание на Miss Universe е закажано за утре, 24 ноември во Порторико, кога ќе биде крунисана наследничката на актуелната носителка на титулата, Fatima Bosh Fernandez од Мексико, која победи во ноември 2025 година во Тајланд. Контроверзијата околу националниот костим се приклучи на дискусијата пред финалето.
Фото: прес-материјал од настанот


