Почетна
Свет

Танкер се запали во Ормуската Теснина по судир со мина

Иранската морнарица вели дека еден танкер го удрил мината и запалил, додека другите два брода се вратиле кон Персискиот Залив.

·Свет
Танкер се запали во Ормуската Теснина по судир со мина

Танкер за нафта се запали откако удри во мина во источниот дел од Ормуската Теснина, област каде што пловидбата е забранета, соопшти иранската морнарица.

Во соопштението објавено од иранската агенција Тасним се наведува дека три танкери синоќа влегле во ограничената поморска зона поради што претходно ги исклучиле своите системи за идентификација и навигација.

Еден од бродовите удрил во мина, по што избувнал пожар и танкерот бил принуден да застане. Другите два брода го смениле курсот и се упатиле назад кон Персискиот Залив.

Правила за пловидба и условите на Иран

Иранската морнарица нагласува дека сите бродови што имаат намера да поминат низ Ормуската Теснина мора да користат одредени навигациски правци, нивните системи за навигација и идентификација мора да бидат вклучени и претходно да го координираат преминот со иранските вооружени сили.

Морнарицата понатаму повтори дека Ормуската Теснина ќе остане затворена "сѐ додека не се исполнат целите и барањата на Иран."

Во соопштението не беа дадени дополнителни информации за евентуални повредени, името на танкерот или точниот час на инцидентот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи