Почетна
Македонија

Татко и син загинаа во судар кај аеродромот Скопје; три лица тешко повредени

Во сударот околу 2 часот учествуваа Опел Корса и Хјундаи И30; за починатите се издадени наредби за обдукција.

·Македонија
Татко и син загинаа во судар кај аеродромот Скопје; три лица тешко повредени

Двајца лица загинаа, а тројца се тешко повредени во директен судар што се случи ноќеска околу 2 часот по полноќ на патот Илинден–Миладиновци, кај полициската база Брест, во близина на Меѓународниот аеродром Скопје.

Во сударот учествуваа „Опел Корса“, управуван од 19-годишен кумановец, и „Хјундаи И30“, управуван од 51-годишен жител на Марино. Автомобилите директно се судриле.

Увид и наредби за обдукција

На местото на несреќата починале возачот на „Хјундаито“ и неговиот 18-годишен син, додека нивната 18-годишна ќерка е тешко повредена.

Со тешки повреди се здобиле и 19-годишниот возач на „Корсата“ и неговиот 18-годишен сопатник, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

Јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на МВР извршиле увид, а издадени се наредби за обдукција на починатите. Се утврдуваат причините и околностите за несреќата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи