Татко прегазил едногодишно дете додека возел рикверц, па лажел пред болничкиот персонал
Таткото првично кажал дека детето паднало од покрив, но увидот покажал дека било прегазено додека тој возел рикверц.

Полицијата во Црна Гора го уапси 22-годишниот А.И. од Беране, под сомнение дека со возило го усмртил своето едногодишно дете. Случајот излезе на виделина откако детето во безживотна состојба беше донесено во Ургентниот центар во Беране.
Младиот татко на медицинскиот персонал и на полицијата првично им дал информација дека детето починало поради пад од покрив на помошен монтажен објект.
Деталната проверка ја откри вистината
При увидот на местото и при криминалистичката обработка полицијата забележала индиции кои ја довеле во прашање верзијата на настаните. Истрагата го утврдила вистинскиот тек: додека А.И. возел рикверц за да излезе од гаражата, не го забележал детето и го прегазил, што резултирало со смртни повреди.
Возилото е одземено за вештачење, а телото на детето е пренесено на обдукција во Клиничкиот центар на Црна Гора.
По налог на државниот обвинител, А.И. е лишен од слобода за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.
Фото: Илустрација (АИ)