Почетна
Македонија

Тензии и туркање на протест во Крива Паланка поради неконтролирано движење на добиток

Револтирани жители бараат трајно решение додека Агенцијата регистрира 96 собрани крави, а градоначалникот говори за околу 1 000 грла.

·Македонија
Тензии и туркање на протест во Крива Паланка поради неконтролирано движење на добиток

Тензии на протестот во Крива Паланка заради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на добиток — на клучката кај мотелот „Македонија“ дел од присутните влегоа во туркање со полициските службеници.

Жителите бараат трајно решение, институциите пријавувале соборени грла

Револтирани граѓани побараа надлежните институции да преземат конкретни и трајни мерки за да се спречи движењето на добитокот низ населбите, што предизвикува штети на земјоделски површини и приватни имоти и претставува опасност за безбедноста на луѓето и сообраќајот.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека досега се собрани 96 крави. Градоначалникот Сашко Митовски проценува дека во кривопаланечкиот регион има уште околу 1 000 грла добиток.

На протестот присуствуваа и градоначалникот Сашко Митовски, како и пратениците Борислав Крмов од Левица и Љупчо Николовски од СДСМ. Засега не се познати точните причини за туркањето меѓу дел од граѓаните и полициските службеници.

Жителите нагласија дека институциите треба да постапат по своите надлежности и да обезбедат трајно решение, наместо проблемот повторно да се актуализира по секој нов инцидент и штета.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи