Почетна
Македонија

Тетовци ѝ должат на општината 3 милиони евра — од 1 октомври ќе се наплатува преку извршители

Општината и градоначалникот Билал Касами најавуваат пренасочување на неплатениот данок на имот и комуналните такси кон извршители.

·Македонија
Тетовци ѝ должат на општината 3 милиони евра — од 1 октомври ќе се наплатува преку извршители

Општина Тетово соопшти дека граѓаните и правните лица ѝ должат околу 3 милиони евра за неплатен данок на имот и комунална такса, и најави дека од 1 октомври ќе почне поактивна постапка за наплата преку извршители.

Од општината, како и градоначалникот Билал Касами, упатија апел до жителите да ја проверат својата состојба и навремено да ги платат обврските за данок на имот за 2024 и 2025 година, за да се избегне присилна наплата.

„Апел до сите граѓани кои немаат платено данок на имот во 2024 и 2025 да ја реализираат таа обврска, затоа што во следните денови, подготвуваме процедура и за присилна наплата. Затоа, за да не дојде до присилна наплата, ги замолуваме сите граѓани да ги реализираат нивните обврски кон општината за данок на имот за претходните години“, изјави Касами.

Кого го опфаќа мерката

Соопштението се однесува на физички и правни лица кои имаат долгови кон општината за данок на имот и комунални такси. Општината ја опиша мерката како премин кон поактивна фаза на наплата со цел намалување на наталожените обврски.

Граѓаните се повикани да ги проверат своите сметки и да ги подмирaт долговите што е можно побрзо за да не им се пристапи со постапка преку извршители.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи