Почетна
Македонија

Тетовскиот Зелен пазар: околу 120 од 335 тезги празни, продавачи бараат отстранување на дивите штандови

Пазарџиите кои плаќаат тезги бараат општински инспекции да ги отстранат дивите штандови што ги преземаат купувачите.

·Македонија
Тетовскиот Зелен пазар: околу 120 од 335 тезги празни, продавачи бараат отстранување на дивите штандови

Од вкупно 335 тезги, околу 120 се празни на Зелен пазар во Тетово, додека надвор, по тротоарите околу објектот, од импровизирани штандови се продава овошје и зеленчук.

Пазарџиите кои плаќаат наем за тезгите внатре велат дека оваа состојба со години им носи нелојална конкуренција и пад на продажбата, поради што бараат поинтензивни проверки и интервенција од инспекциските служби и управата на пазарот.

Пазарџиите бараат да се затворат дивите штандови

Во анкета на местото, неколку долгорочни продавачи ја искажаа загриженоста. „Сите бараат на главната улица овде. Ние сме скоро 40 откако е отворен овој пазар, ние тогаш сме ги платиле овие тезги,“ рече еден од нив. Друг додаде: „Тоа треба да го носи инспекција за да ги тера внатре.“

„Овде има сигурно 100 тезги празни сѐ, да се контролираат може да влезат. Да си, ама нејќат, се навикнале таму и тоа е нивна работа,“ истакна уште еден продавач.

Раководителот на Зелен Пазар, Хазви Ризвани, ги повика инспекторите да бидат почести и поађилни на терен, појаснувајќи дека управата нема надлежност за просторот надвор од објектот. „И така што инспекторите се на терен, меѓутоа мора да бидат малку поагилни. За да бидат повеќе време со нив не само сабајле и после да ги нема. Затоа што тие знаат да излезат па да го повторуваат истото дело,“ вели Хазви Ризвани, раководител на Зелен Пазар.

Општина Тетово претходно одреди и локација кај Спортскиот центar за бесплатна продажба на овошје и зеленчук од трактори, но земјоделските производители, според пазарџиите, таа локација не ја користат.

Автор: Александар Самарџиев

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи