Почетна
Магазин

Тиана Ивановска: Четири тивки знаци дека сте во врска со насилник

Психологот Тиана Ивановска ги посочува четирите суптилни модели — контрола, емоционална манипулација, изолација и манипулација со вина — кои укажуваат на насилник.

·Магазин
Тиана Ивановска: Четири тивки знаци дека сте во врска со насилник

Психологот и психотерапевт Тиана Ивановска, со четиригодишно искуство во анонимен шалтер за жени жртви на насилство, во видеообраќање на Инстаграм ги опиша четирите суптилни обрасци што често најавуваат злоупотреба во партнерската врска.

„Најголемиот мит е дека насилниците се препознаваат лесно. Мора да имате на ум дека на почетокот тие се маскираат во совршени партнери“, вели Ивановска и додава конкретни знаци кои треба да ги следите.

1. Контрола (маскирана како „грижа")
Во голем дел од нашата култура, контролата често се меша со грижа. Искази како: „Но, јас само се грижам за тебе“ или „Се загрижив дека нешто ти се случило“ можат да звучат заштитнички, но кога преминуваат во непрестана проверка каде сте, со кого сте и што правите, тие стануваат форма на контрола. „На почетокот, овој тип на внимание и навидум љубов може да направи да се чувствувате како да сте го пронашле вистинскиот и совршен партнер. Постепено, ова преминува во суптилна контрола и постојана потреба партнерот да биде информиран каде сте во секој момент“, објаснува таа.

2. Емоционална манипулација
Кога ќе им се спротивставите, насилниците често реагираат со емоционални апели и влевање вина: „Јас премногу те сакам и не можам да живеам без тебе“, вели Ивановска, и предупредува дека таквите пораки брзо можат да ескалираат до закани: „Доколку не си во мојот живот, јас би си го одзел животот“. Таа потсетува дека никој друг не е ваша одговорност и дека ваквите изјави создаваат вештачко чувство на вина.

3. Суптилна колективна изолација
Еден од класичните знаци е обидот да ве оддалечат од пријателите, семејството и блиските луѓе. Ивановска го поставува прашањето: „Зошто?" — објаснувајќи дека токму тие блиски може да ги забележат сигналите. Ова обично не е поединечна нелагодност кон некој пријател, туку системска, постепена изолација.

Агресијата никогаш не е дел од здрава врска

4. Манипулација со чувство на вина
Кога насилното однесување не може повеќе да се прикрива, агресорот го префрла товарот и вината на жртвата со реченици како: „Ти си крива што се однесувам вака“ и „Ти си виновна за моето ескалирање, јас не сум ваков по природа“, вели Ивановска. На тој начин насилникот го одзема сопствениот одговор и ги претвора жртвите во виновници.

Ивановска потсетува дека „Агресивното однесување никогаш може да спаѓа во здраво однесување во една партнерска релација. Ниту еден партнерски проблем не се решил со превисок тон, агресија и закани кон било кого“, и нагласува дека секој има право да каже „не“ и да не дозволи однесување кое му создава чувство на небезбедност.

Советите беа презентирани во видео на Инстаграм профилот Sebeslozuvalka.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи