Почетна
Спорт

Тиквеш може да направи историски трансфер — Нфантли Сила на мета во Турција

Турски спонзор понудил 650.000 евра за голгетерот; клубот од Кавадарци веќе доведе Адешина Лукман, но е неизвесно дали Сила ќе настапи.

·Спорт
Тиквеш може да направи историски трансфер — Нфантли Сила на мета во Турција

31.08.2026 — Тиквеш е на чекор да реализира најголем трансфер во историјата на клубот откако турски спонзор на маса има понуда од 650.000 евра за услугите на голгетерот од Гамбија, Нфантли Сила. Сумата претставува значајна понуда за клубот од Кавадарци.

Во реализирањето на трансферот активно учествува оспоруваниот Сезар Браво, а според информации од клубот, турски тим сериозно размислува да го доведе младиот стрелац во своите редови.

Од Турција до Кавадарци — и повторно на мета на турски клуб

Сила во Тиквеш дојде токму од Турција, од нисколигашот Кечиоренгучу, и брзо направи бум во дресот на кавадарчани. Тој има постигнато 4 гола во изминатите 4 натпревари во шампионатот, а на дуелот со Башкими речиси и не играше, и покрај тоа тимот славеше со 0:5.

Како директна реакција на интересот за Сила, Тиквеш вчера го промовира новото засилување во нападот — Адешина Лукман. Сè уште не е јасно дали Сила ќе игра денеска против Вардар и дали Лукман е регистриран за настап.

Има најави дека Сила може да биде продаден сега, но да остане во Тиквеш до јануари. Клубот најави официјални информации во текот на деновите, а турскиот преоден рок трае до петок.

Тиквеш денеска од 17:00 часот во Кавадарци го пречекува првакот Вардар, како последен меч од 5. коло од домашниот шампионат.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи