Тинекс најави партнерство со косовската „Интерекс“
Косовската „Интерекс“ преку холдингот „Проекс“ се очекува да обезбеди ликвидност и оперативна поддршка по реорганизацијата на марките на „Тинекс“ во нова фирма-ќерка.

Македонскиот малопродажен синџир „Тинекс“, кој во последните месеци се соочуваше со проблеми со ликвидноста, во иднина ќе го води бизнисот во партнерски договор со косовската компанија „Интерекс“.
Партнер и финансиска поддршка
„Интерекс“ е вториот по големина синџир на маркети во Косово и е дел од холдинг кој поседува бензински пумпи, значителна недвижна сопственост и ликвидни средства што треба да ѝ помогнат на „Тинекс“ да ги надмине проблемите со готовината.
Компанијата е активна од 2011 година и располага со мрежа од над 30 маркети. Корпорацијата „Проекс“, која го поседува „Интерекс“, лани имала приход од околу 223,3 милиони евра, што ја става меѓу најголемите компании во Косово и на втората позиција во малопродажниот сектор зад „Вива фреш“.
Пред две недели „Тинекс-МТ“ основаше фирма-ќерка под името „Тинекс маркети“, со истата дејност опишана како „Неспецијализирана продажба на мало“, и потоа ги префрли своите маркети како регистрирани подружници во новото друштво. Од македонската компанија засега не ги коментираат информациите за партнерскиот договор со косовската компанија.
Во „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и објектите под брендовите „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погонот за месо и подготовка на готвени јадења. Центарот за логистика и складирање стока е префрлен во Петровец.
Во април Тинекс се огласи за состојбата на ликвидноста, признавајќи предизвици, но демантирајќи дека има доцнење во исплатата на платите и најави мерки за стабилизација. Во 2022 година „Вива фреш“ беше поврзувана со можно купување на „Тинекс“, што таа ланца потоа демантираше.
Фото: прес-материјал од настанот