Тројца мигранти од Судан пронајдени меѓу товар на камион во Скопје
Царински службеници од испоставата Скопје 1 ги открија при контролата на пратка со стока од Кина пломбиранa во Солун; мигрантите предадени на МВР.

Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при детална контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан.
Мигрантите биле скриени меѓу кутиите
Стоката била со потекло од Кина, а камионот бил натоварен во пристаништето во Солун и пломбиран со грчка пломба, соопштија од Царинската управа.
Според пријавата, тројцата државјани на Судан ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле меѓу кутиите со стока. Мигрантите биле откриени при деталната контрола на пратката.
"Ова е четврт случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, соопшти Царинската управа."
По откривањето, тројцата мигранти биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување.
Фото: прес-материјал од настанот