Трошоците за амбалажи пораснаа до 30% — македонските компании под притисок
На конференцијата фирмите посочија дека поскапувањето на енергијата и транспортот ги зголемува трошоците; економистите предлагаат ваучери за гориво.

Трошоците за амбалажи пораснале и до 30%, а македонските компании се соочуваат со засилен притисок откако глобалните тензии ги зголемиле цените на енергенсите и транспортот.
На годишната конференција на Македонската берза, претставниците на големите компании посочија дека оперативните трошоци значително се зголемиле во последните месеци и дека поскапувањето на превозот и горивата им го намалува профитот.
Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов рече дека со подигнување на цените на енергенсите поскапеа материјалите и амбалажите.
Економисти предлагаат делумни мерки
Економистите на конференцијата предупредија дека доколку кризата продолжи, треба да се разгледаат таргетирани мерки за ублажување на ударот врз компаниите. "Економистите предлагаат доколку продолжи кризата да се воведат ваучери за гориво, а потоа доколку е потребно и за други производи…".
Тие истовремено уверуваат дека, засега, економијата не е влезена во рецесија и повикаа на интензивно следење на состојбите додека се подготвуваат можни контрамерки.
Во вестите во 12:30, од Охрид известуваше Ирена Чачкова која ги сумираше главните поенти од конференцијата и загриженоста што ја искажаа претставниците на компаниите.
Фото: прес-материјал од настанот


