Почетна
Магазин

Турист побарал да го „купи“ малото девојче пред тaverна во Агија Пелагија

Од Taverna Bar Vasilis велат дека гостин од блискиот хотел побарал да го „купи“ детето што седело пред локалот и тие веднаш повикале полиција.

·Магазин
Турист побарал да го „купи“ малото девојче пред тaverна во Агија Пелагија

Сопствениците на локалот Taverna Bar Vasilis во туристичкото место Агија Пелагија на Крит објавија дека еден гостин, кој бил сместен во блискиот хотел, влегол во нивниот локал и побарал колку треба да плати за да го „купи“ малото девојче што седело надвор.

Локалот, сместен на плажата Мононафтис, во јавното соопштение ја опиша ситуацијата како „апсолутно одвратна“ и наведува дека веднаш била повикана полиција, а и хотелот бил известен.

Како се случил инцидентот

Во објавата стои: „Во еден момент влезе маж од блискиот хотел. По краток разговор праша колку треба да плати за да го ‘купи’ малото девојче што седеше надвор и да прави одредени работи со неа“. Сопствениците велат дека веднаш реагирале и ги информирале надлежните.

Тие посочуваат дека во моментот на инцидентот во просторијата била само млада вработена и мало дете, што го направило настанот особено вознемирувачки. „Не знаеме дали потоа биле преземени дополнителни мерки, но ова е апсолутно одвратно и нема да го толерираме – ниту кај нас, ниту било каде. Ако некој го препознае овој човек, нека нè извести“, порачаа од локалот.

Во дополнение сопствениците нагласуваат дека личните податоци на лицето веќе им биле предадени на надлежните институции и дека нивната цел била и да ја предупредат јавноста. „Ова е предупредување дека вакви ситуации можат да се случат секаде и во секое време. Разговарајте со вашите деца, научете ги како да реагираат и секогаш внимавајте на нивната безбедност“, стои во апелот.

Инцидентот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде корисниците побараа случајот temелно да биде истражен од грчките власти и да се обезбеди заштита за детето.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи