Почетна
Македонија

Туристи во костими за капење се качуваат на кулата на црквата „Св. Никола“ и скокаат во Мавровското езеро

Јавна реакција по објавени снимки и фотографии: се тврди дека лица во костими за капење се качуваат на кулата на црквата „Св. Никола“ и скокаат во Мавровското езеро, а локалците бараат увид од институциите.

·Македонија
Туристи во костими за капење се качуваат на кулата на црквата „Св. Никола“ и скокаат во Мавровското езеро

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео од лица во костими за капење кои се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Мавровското езеро и скокаат во водата, по што следува јавна реакција и повик до институциите за постапување.

Авторот на објавата тврди дека посетителите пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, нагласувајќи дека тоа е место кое претставува свет и духовен простор, а истовремено е дел од културното и туристичкото наследство на Маврово.

Повици за увид и заштита на наследството

Во текстот се поставуваат прашања дали некој ги предупредува посетителите дека станува збор за црковен храм и дали постојат правила за пристап и однесување околу објектот. Како што стои во објавата: "Дали некој ги предупредува посетителите дека станува збор за црковен храм? Дали постојат правила за пристап и однесување околу објектот? Не бараме ништо повеќе од она што треба да важи за секој граѓанин и секој турист: Почитување на светото место и почитување на законот. Ако сакаме Маврово да биде сериозна и препознатлива туристичка дестинација, мора да имаме и ред, контрола и заштита на нашето културно и духовно наследство".

Од локалното население бараат институциите итно да извршат увид на лице место за да се утврди кој го дозволил ваквото однесување, дали се прекршени прописи за заштита на објектот, дали е направена материјална штета и кој е одговорен за контрола. Доколку постои основ, бараат да се преземат соодветни санкции против сторителите.

Во објавата се нагласува дека проблемот не е во националноста на туристите: "Не е проблемот што доаѓаат туристи од Германија, Холандија или од која било друга земја. Туристите се добредојдени", но се додава дека "секој посетител, без разлика од каде доаѓа, мора да го почитува местото што го посетува, неговата вера, култура, традиција и правила".

Фото: Фејсбук

Поврзани написи