Почетна
Свет

Туристка од Србија тешко повредена на Халкидики по пад од скутер

Жена од Србија со повреда на главата и со изгубена свест по пад од воден скутер кај Гларокавос.

·Свет
Туристка од Србија тешко повредена на Халкидики по пад од скутер

Триесет и шестгодишна туристка од Србија вчера попладне тешко се повредила откако паднала од скутер во областа на плажата Гларокавос, во општина Касандра на Халкидики.

Според објавеното, жената паднала во морето додека управувала со воден скутер, се здобила со повреда на главата и ја изгубила свеста. Прва помош на лице место ѝ укажале нејзиниот сопруг и лицето одговорно за компанијата што издава опрема за водни спортови и рекреација.

Повредената туристка прво била пренесена со брза помош во Здравствениот центар Касандра, потоа во Општата болница Халкидики, а подоцна и во болницата „Папаниколау“ во Солун, каде е задржана за дополнителни прегледи.

Втората пристанишна управа на Неа Мудања го привела 53-годишниот маж кој бил одговорен за фирмата која ѝ го изнајмила скутерот на жената.

Против него е покрената постапка за загрозување на друго лице и нанесување телесни повреди од небрежност, откако било утврдено дека скутерот бил издаден на лице кое немало законски потребна дозвола за управување со воден скутер.

Надлежните власти продолжуваат со истрага за околностите на несреќата, додека туристката останува на болничко лекување во Солун.

Фото: илустрација / PxHere / CC0

Поврзани написи